На 21.07.2022 во 19.30 часот во Полициската станица Гостивар, 36-годишен маж од гостиварско село пријавил дека бил измамен од М.К.(36) од Скопје, сопственик на туристичка агенција од Скопје за сума од 1500 евра и 500 швајцарски франци.

Според пријавеното, на 18.05.2022 резервирал термин за одмор за 13.07.2022, по што со нотарски договор му ги дал парите.

Како што е пријавено, М.К. ниту му резервирал термин за одмор, ниту пак ги вратил парите. Се работи на расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2022 02:06