Во Полициската станица Крива Паланка, на 22.07.2022 во 16:45 часот С.Ц.(43) од Крива Паланка пријавил дека на место викано „Цоневи ливади“ во село Жидилово, кривопаланечко, го пронашол починат неговиот татко Д.Ц.(67), за кој на 21.07.2022 пријави дека се оддалечил од домот.
Увид извршила екипа од Полициската станица Крива Паланка, а смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош. По овластување на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.