Во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола односно Прилеп, Македонски Брод и Демир Хисар спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата констатирани и законски санкционирани се 22 возачи. Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Прилеп - 17, потоа Македонски Брод - 4 и 1 санкција Демир Хисар.

За време на контролата биле санкционирани и 12 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2022 09:29