Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територија на град Скопје биле изречени 134 мерки.

Од санкциите, 68 биле за возење повеќе од дозволената брзина, осум за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

-Изречени се две мерки за користење мобилен телефон, 21 санкција за возење под дејство на алкохол, четири за нерегистрирани возила и други, соопштуваат од МВР.

Оттаму потенцираат дека ќе продолжат со засилените акциски контроли. -Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелираат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2022 09:19