Пред еден час изгаснат е пожарот на штипската депонија „Трешена Скала“. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека дојавата за пожарот на депонијата ја добиле синоќа околу 22 часот, по што веднаш на терен имаат излезено седум пожарникари со две возила.
Во рок од еден месец ова е четврта интервенција на депонијата „Трешена Скала“, овојпат бил зафатен нејзиниот средишен дел и станува збор за самозапалување од високите температури. Инаку штипските пожарникари синоќа биле повикани и на на помош на своите колеги во Кочани, каде што од невремето имаше поплави на домови и паднати дрвја. Четворица пожарникари со едно возило и две пумпи учествувале во санирањето на штетите во Кочани, екипата на терен била до 3 часот.