Едно лице е повредено во пожарот, што се случи во раните утрински часови во помошниот објект во кумановското село Пчиња и е префрлено во кумановската болница за укажување лекарска помош, соопшти денеска кумановската полиција.

Пожарот избувнал во четири часот утрово.

– Во пожарот сопственикот на објектот Т.М. се здобил со повреди и бил пренесен во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот бил изгаснат, а екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот, информираа од СВР Куманово.

Екипите на кумановската противпожарна единица околу 9.30 часот го изгасија пожарот на помошен објект во кумановското село Пчиња, соопштија утрово и од територијалната противпожарна единица Куманово. Пожарот избувнал во 04:00 часот, утрово и првин интервенирала само една екипа, по што е испратена и втора со друго возило.

Од СВР Куманово потврдија дека возилото „опел фронтера“, сопственост на МВР било опожарено.

– Вчера во 16:03 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Слупчане, липковско, настанал пожар во возило во движење „опел фронтера“, сопственост на МВР, информираше полицијата.

Пожарот го изгасиле пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2022 16:07