Бијонсе го издаде својот нов, долгоочекуван, седми студиски албум „Renaissance“. Компилацијата со 16 песни содржи широк спектар жанрови, како – диско, афробит и хаус-влијанија…

Оваа засега последна збирка песни е поднасловена како „Чин 1“ (Act 1), па Бијонсе на својот интернет-простор потврди дека ова ќе биде дел од „трилогијата“ снимена за време на корона-пандемијата. Пејачката објави долг напис, во којшто, меѓу другото, му се заблагодари и на своето семејство за поддршката и инспирацијата.

„Овој проект во три чина беше снимен во текот на три години во пандемија… Време за мирување, но и време за коешто сфатив дека е најкреативно. Создавањето на овој албум ми овозможи место за сонување и бегство во ова страшно време за светот. Ми овозможи да се чувствувам слободно и авантуристички, во време кога малку што друго се движеше“, напиша Бијонсе.

Ова е прв албум на поп-ѕвездата по шест години, т.е. по „Lemonade“ од 2016 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2022 09:57