Четириесет годишен осуденик од Скопје баран со потерница за издржување затворска казна, вчера бил приведен во скопски Центар.
МВР информира дека вчера, во 18.20 часот, на улица „8 Март“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при скопското СВР го лишиле од слобода скопјанецот Е.Е.(40). Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и три месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, соопштува МВР.