На 27.07.2022 во СВР Битола, 49-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 6.500 евра и 72.000 денари.

Според пријавеното, тие се запознале во мај оваа година преку социјалната мрежа Фејсбук и биле во љубовна врска, при што лицето и ги побарало парите за да одблокира сметка од негова фирма и ветило дека брзо ќе ѝ ги врати. К

ако што е пријавено, откако открила дека лицето лажно ѝ се претставило и дека не поседува фирма, случајот го пријавила во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2022 04:31