На 27.07.2022 во 10:30 часот во Полициската станица Неготино, 83-годишен жител на неготинско село пријавил дека на автобуската станица во Неготино бил измамен за сума од 14.800 денари, од едно лице кое се претставило дека е од Гостивар и го замолило да му даде денари затоа што имало странски валути.
Според пријавеното, тој му дал пари, а лицето му оставило заклучена чанта со објаснување дека во неа се странските валути, и заминало.
Подоцна, според пријавеното, откако ја отворил чантата, видел дека во неа нема пари и сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.