На територија на Град Скопје во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера се изречени вкупно 136 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 14 санкции за возење без возачка дозвола.
Како што информираа од МВР, изречени се седум мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за возач почетник, три санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.
Засилените акциски контроли продолжуваат.