Полициски службеници од ОВР Неготино вчера во Неготино го лишиле од слобода О.Р.(45) од неготинско село затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 4:00 часот го лишиле од слобода Ж.В. од кумановско село затоа што физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.