Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се казнети 59 возачи.

Од нив, информираа од МВР, четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2022 09:43