Петта година по ред во организација на Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации се одржува официјалниот избор „Мажи на годината“.

Настанот ќе се одржи последната недела од ноември, месец посветен на машкото здравје.

-Гламурозен настан кој се одржува во повеќе од 70 земји ширум светот, на едно место ги обединува најистакнатите имиња во претприемаштво, здравство, образование, политика и култура, настан за кој многумина ќе кажат дека е исклучително важен поттик за младите џентлмени. На наше големо задоволство повторно ќе им оддадеме почит и ќе ги избереме 13 најуспешни мажи за оваа година. Целта на овој настан е да ги поттикнеме мажите што повеќе да ги негуваат добрите навики, манирите, стилот на живот, хедонизмот и успехот“, велат организаторите.

Како и секоја година така и оваа, за изборот на најуспешните мажи ќе одлучува стручна жири комисија составена од 25 члена – ноивинари, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти, спортисти итн.

Традиционално и публиката ќе има можност директно да учествува во изборот, и да номинира една личност во категоријата на избор на „Маж на годината според социјални медиуми“.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2022 13:44