Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи во Дебар приведоа жител на Прилеп, кој превезувал мигранти.

– Вчера околу 13.30 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Т.Ѓ.(58) од Прилеп. Во Дебар, во приколка од товарно возило, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти (А.Ш.(25) и М.Х.(38), двајцата од Сирија, Е.Т.(24) и И.И.(27), двајцата од Пакистан и М.Д.(20) од Авганистан, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според него, мигрантите се спроведени во Транзитен центар „Табановце“ за натамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против Т.Ѓ. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ова е прв случај на обид на шверц на мигранти на ова подрачје. Мигрантите требало да го продолжат патот преку Албанија во некоја западноевропска земја.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2022 14:08