На 04.08.2022 во 21:10 часот во Полициското одделение Велешта било пријавено дека во приватна здравствена установа во село Велешта, струшко, со повреди бил донесен малолетник од село Лабуништа, струшко.

Полициски службеници извршиле увид и било констатирано дека малолетникот се здобил со повредите во својот двор при допир на ограда до која имало ниско поставени жици од далновод.

За настанот бил известен Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2022 03:48