СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(48) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Пријавената, во својство на инвеститор, на парцела во државна сопственост, која воедно била прогласена за споменик на природата, без соодветно одобрение започнала со истурање на земја и рамнење.