На 05.08.2022 во 22.10 часот на ул.„Стив Наумов“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ф.Ш.(25) од Ресен затоа што кај него била пронајдена и одземена кеса со бела прашкаста материја.
Дополнителено, при претрес во неговиот дом во Охрид, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.