На 06.08/07.08.2022 во периодот од 00.00 до 02.00 часот, во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, полициски службеници од СВР Скопје во координација со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје.

При контролата, во еден угостителски објект биле затекнати пет малолетници после 24.00 часот. По документирање на случајот против лицата и правни субјекти ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Воедно, од претставниците на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат биле констатирани прекршоци во контролираните објекти за што ќе бидат изречени соодветни санкции.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2022 02:33