Часовникот на поранешниот нацистички лидер Адолф Хитлер е продаден на аукција во американската сојузна држава Мериленд за 1,1 милион долари.

Аукциската куќа „Alexander Historical Auctions“ од Чесапик Сити, Мериленд часовникот го процени на вредност меѓу два и четири милиони долари, со образложение дека станува збор за „остаток од Втората светска војна со историски размери“.

Еврејските водачи се спротивставија на продажбата, изјавувајќи дека часовникот има мала или никаква историска вредност.

Претседателот на аукциската куќа Бил Панагопулос изјави дека купувачот е Евреин од Европа.

На часовникот има иницијали „A“ и „Х“, како и свастика.

Часовникот бил земен како воен плен од француски војник на 4 мај 1945 година, кога неговата единица влегла во колибата на Хитлер „Бергхоф“ во Баварските Алпи, во близина на Берхтесгаден.

Хитлер изврши самоубиство во Берлин на 30 април 1945 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2022 03:50