Возачи на мотоцикли направиле 25 прекршоци, констатирале полициските службеници при акциската контрола во текот на вчерашниот ден во период од 17 до 23 часот.

Во соопштението од СВР-Штип се наведува дека 21 прекршок е за неносење заштитна кацига, два за управување без возачка дозвола и два останати прекршоци. Санкционирани биле и 18 други видови на прекршоци од кои девет за управување возило без возачка дозвола, еден за нерегистрирано возило, седум за возач почетник и еден за користење мобилен телефон.

Во текот на вчерашниот денна подрачјето на СВР – Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 34 прекршоци, од кои 30 во населено место и 4 надвор од населено место, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Надлежните апелираат внимателно да се вози и согласно сообраќајната сигнализација на регионалните и магистрални патни правци.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2022 14:51