На 05.08.2022 година во 17.00 часот во СВР Охрид пријавено е дека близина на хотел на брегот на Охридското езеро, М.Ј( 56) од Куманово, која управувала велосипед, била удрена од друг велосипед, кој го напуштил местото, при што паднала.

Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2022 07:23