На 5.08.2022 во 10.20 часот во СВР Тетово, вработена во Гимназијата „7 Март“ во Тетово пријавила дека при чистење во кругот на училиштето бил пронајден пиштол „Eкол фират магнум“ калибар 9 мм со празна рамка во пиштолот.
Увид извршила екипа од СВР Тетово, а пиштолот бил подигнат за понатамошна постапка. По целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.