Во текот на изминатата ноќ, во периодот од 21 до 02 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 30 возачи, а на прекршителите изготвени им се соодветни поднесоци.

Како што информираат од МВР, засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Воедно, апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2022 09:32