На 08.08.2022 околу 22.20 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, од полициски службеници од СВР-Куманово бил лишен од слобода М.З.(31) од Велес, затоа што во патничко моторно возило “пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени девет мигранти од Индија.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2022 10:29