Денеска во периодот од 07.00 до 11.00 часот спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Тетово, при што санкционирани се 29 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2022 13:01