Џиновска панда по име Ершун роди близнаци во зоолошка градина во југозападната кинеска општина Чонгкинг. Од Зоолошката истакнаа дека малите панди се добро.

Во март, 15-годишната Ершун природно се спари со панда мажјак во Кинескиот центар за зачувување и истражување џиновски панди во соседната провинција Сечуан.

Како што информира ЗОО, кога се родија на 22 јули, малите панди беа тешки 132 грама, односно 91 грам. Сега достигнаа тежина до 420 грама, односно 257 грама.

Ершун вторпат раѓа близнаци.

Таа е родена во август 2007 година, а претходно живеела во канадските зоолошки градини во Торонто и во Калгари.

Зоолошката градина во Чонгкинг започна со одгледување џиновски панди во 60-тите години од минатиот век и сега таму има 21 панда.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2022 02:22