Полициски службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи приведоа жител од село Косоврасти поради физички напад врз неговата сопруга.
-Во ОВР Дебар, приведен е Н.М.(49) од дебарското село Косоврасти. Тој, на 08 и 09 август 2022 година, во семејниот дом, бил агресивен и физички ја нападнал неговата сопруга. Во нивниот семеен дом, увид извршија полициски екипи, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.
Според него, по целосно документирање на настанот, против Н.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ова е втор случај на пријава на семејно насилство во последните два дена.
Претходно полициски службеници го приведоа С.Б.(67) жител на Дебар кој во семејниот дом физички ја нападнал неговата ќерка.