СВР Тетово информира дека денеска по добиена пријава се приведени тројца државјани на Албанија кои работеле на реконструкција на улица без да имаат регулиран престој.

Полицијата добила пријава во 14.30 часот дека на ул.„Тодор Циповски Мерџан”, кај делницата од ул.„Иво Лола Рибар” до „Два бреста” се обавуваат градежни работи за реконструкција на улицата по што полицајци излегле на лице место.

-Денеска (10.08.2022) во полициска станица при СВР Тетово се приведени Т.Ѓ.(38), М.М.(40) и Г.А.(30), државјани од Р.Албанија. Постапувајќи по пријава во 14.30 часот, според која на ул.„Тодор Циповски Мерџан”, кај делницата од ул.„Иво Лола Рибар” до „Два бреста” се обавуваат градежни работи за реконструкција на улицата, полициски службеници од СВР Тетово излегле на лице место, при што било констатирано дека не е поставена соодветна сигнализација за работа на пат, изведувачите не поседуваат документација или согласност за извршување на работите, информираат од СВР Тетово.

Според полицијата, тројцата приведени далe лажни податоци.

-Тројца од ангажираните лица за работа дале лажни податоци од лица наши државјани, иако станувало збор за државјани од Р.Албанија кои немаат регулиран престој во државата. По документирање на случајот против трите лица ќе биде поднесен соодветен поднесок, а фирмата што ги изведувала работите треба да прекине со работата и да ја врати улицата во првобитна состојба сѐ до регулирање на документацијата и добивање на согласност, информира СВР Тетово.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2022 05:42