По сторијата на ТВ21, полицијата го уапси осомничениот педофил од Тетово, кој на социјалните мрежи сексуално вознемирувал и уценувал 12-годишно девојче од Косово.

Како што дознава ТВ21, осомничениот моментално се наоѓа на распит во полициската станица во Тетово.

Според законот полицијата има право да го задржи 25 часа, а останува да се види дали обвинителството ќе побара притвор или не.

Како што претходно објави ТВ21, педофилот побарал разголени фотографии, а кога малолетното девојче не ги испратило, извадил фотографии и видеата од нејзиниот профил на социјалните мрежи и почнал да ги објавува со натписи и навредливи текстови.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2022 06:53