Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територијата на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки, од кои за возење повеќе од дозволената брзина 69 санкции.

Како што соопшти МВР, изречени се и девет мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, пет мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2022 09:17