Црква во село Бељаковце била ограбена вчера, соопшти денеска полицијата. Притоа, од црквата биле одземени пари.
– Вчера во 10.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека со употреба на сила било влезено во црква во село Бељаковце, Старо Нагоричане и биле одземени пари, информираше полицијата.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и презема мерки за расчистување на случајот.