Денеска во периодот од 08.00 до 12.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 146 возачи.

Од нив, 99 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 21 возеле без возачка дозвола, шест мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2022 15:32