ОВР Виница поднесе кривична пријава Ј.Ѓ.(60) од Виница, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.
Пријавениот во периодот од 01.01.2018 до 31.12.2019, во својство на управител на правно лице од с.Лаки, со непресметувањето и неплаќањето на даночните обврски кон Р.Северна Македонија го оштетил буџетот, стекнувајќи се со противправна имотна корист.