На територијата на СВР Битола вчера спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што се санционирани 42 возачи.

-Од нив 32 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 10 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, информираат од МВР.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2022 10:31