На 14.08.2022 година во периодот од 15.00 до 20.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 92 возачи на моторни возила кои во и надвор од населено место ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-18, Струга-22, Кичево-47, Дебар-05).

Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2022 11:48