На 15.08.2022 полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода З.М.(59) од Пехчево, затоа што врз основа на судска наредба, при претрес во неговиот дом и помошни простории во Пехчево, биле пронајдени и одземени засадени растенија cannabis sativa, ќеса со марихуана и 174 парчиња пиротехнички средства.

По комплетирање на случајот против З.М. ќе следи соодветна кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 и кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2022 11:57