Кумановската полиција во два одделни случаи уапси двајца кумановци кај кои била пронајдена марихуана, соопшти денеска СВР Куманово.

-Денеска во 01:00 часот на улицата „Никола Тесла“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.М. (26) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Ноќва во 02:45 часот на улицата „Михајло Пупин“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А. (24) од Куманово затоа што кај него била пронајдена марихуана, соопшти полицијата.

По целосното документирање на случаите против двајцата кумановци ќе следува соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2022 12:00