Денеска од 06.00 до 10.00 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола со која биле опфатени вкупно 38 возила кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси и такси комбиња. При контролата биле откриени и адекватно санкционирани 5 прекршоци (ГВ), за технички и други недостатоци. Две возила биле со неисправни сопирачки, исто толку немале извршено технички преглед, а едно имало истечена регистрација. На прекршителите изготвени им се соодветни поднесоци, а 3 возила веднаш се исклучени од сообраќај.

При контролата, исто така, санкционирани биле и 3 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-1), од кои 1 возило без потребните документи за вршење на јавен превоз. Ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период и посебно пред и со почетокот на новата учебна година, зашто од и кон Тетово и Гостивар секојдневно ќе се превезуваат и голем број ученици од основните и средните училишта на подрачјето. Целта е навреме да се откријат и отстранат од сообраќај технички неисправните возила и да се обезбеди непречено и безбедно превезување на патниците.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2022 12:26