Партија „Продолжуваме со промената“ на поранешниот премиер на Бугарија, Кирил Петков на парламентарните избори на 2 октомври самостојно ќе настапи. Таквата одлука е донесена од Националниот совет на партијата, врз основа на темелни политички и социолошки анализи, објави БНР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, од партијата посочија дека верува оти оваа формула на Бугарија ќе и го донесе коалициското мнозинство што ќе ја заврши работата што ја започна владата „Петков“.

Исто така беше наведено и дека „Демократска Бугарија“ останува природен сојузник на „Продолжување на промените“ на патот кон промените во Бугарија.

Во интервју за БНР, потпретседателот на „Демократска Бугарија“ Атанас Атанасов прогнозира дека нема да има предизборен коалициски договор меѓу двете политички формации.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2022 05:21