Во текот на вчерашниот ден СВР Штип согласно оперативниот план „Безбедно лето 2022“, презеде низа мерки и активности во областа на недозволената трговија со дрога, при што лишени се од слобода М.М.(30), Ж.М.(21), Н.Т.(18), Г.С.(19), С.Г.(18), Д.А.(19) и Ф.Т.(19). При извршени прегледи, претреси на домови и патнички возила кај нив била пронајдена марихуана, како и остатоци од други наркотични дроги и прекурсори.

Истиот ден, при извршена контрола во Казнено - поправниот дом Затвор Штип била пронајдена и одземена прашкаста материја. При контрола на угостителски објект затекнати биле седум малолетници по 24.00 часот и тие биле предадени на родителите. По комплетирање на случаите против лицата од страна на СВР Штип ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2022 11:10