Полицијата приведе кумановец, бидејќи нападнал друго лице, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера, во 09:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(59) од Куманово, затоа што истиот ден на улицата „626“ физички го нападнал Ч.Д.(61) од Куманово, соопшти полицијата.

С. С бил приведен во полициската станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе следува соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2022 11:10