Полициски службеници од СВР Битола, Одделение за криминалистичка полиција Битола, Полициска станица Битола, во координација со Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Прилеп и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, денеска во Прилеп го лишиле од слобода Б.Н.(29) од Штип.

За него, како што стои во соопштението од МВР, била распишана потерница по наредба од Основен суд Штип со која се бара за издржување на казна затвор за извршени повеќе тешки кражби, насилства и разбојништва во повеќе градови во период од три години.

Тој бил приведен во полициска станица Битола за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2022 15:12