На 19.08.2022 во 04:20 часот било пријавено дека на крстосницата од булевар „Мајка Тереза“ со улица „Тодор Александров“ и улица „Белградска“ патничко возило „форд мондео“, со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, удрило во метална канделабра и бетонска жардињера.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници, од кои еден од Струмица, двајца од Скопје, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.