СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С. (55) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Во текот на 2019 година, пријавениот како физичко лице, со намера да одбегне плаќање на данок на личен доход, реализираните приливи на својата трансакциска сметка не ги пријавил во поднесената задолжителна годишна даночна пријава до даночниот орган, иако бил должен да пресмета и да плати данок, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2022 05:54