Аргентинските работници, кои подолго време протестираат поради големата инфлација, организираа „погреб“, при што „тагуваа“ поради „смртта“ на средствата неопходни за живот.
Некои жени дојдоа во црнина со цветна круна на главите, други носеа преголем ковчег во поворка што минуваше низ улиците на Буенос Аирес, на последна почивка не се испраќаше некоја личност, туку за работничките плати во Аргентина.
– Денеска одржуваме симболично испраќање на платите, што ја покажува ситуацијата во која се наоѓаат сите работници во Аргентина, рече Максимилијано Маита од Фронтот за организации во потреба.