На 63-годишна возраст почина Гордана Стошиќ, новинар и поранешен генерален директор на Македонската радиотелевизија.

Стошиќ беше дел од Националната телевизија како репортер, а подоцна и како водител и уредник на вести. Одреден период беше раководител на телевизијата А1, а потоа се врати во МРТВ на позицијата генерален директор. Беше и директорка на скопската телевизија Скај нет.

Стошиќ во својот работен век раководеше и повеќе новинарски проекти, а беше активна и во невладиниот сектор.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2022 01:51