Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 241 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 33 мерки за возење без возачка дозвола, 30 санкции за управување под дејство на алкохол.
Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, 14 санкции за нерегистрирани возила, 10 мерки за возач почетник...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.