Во текот на изминатата вечер во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територијата на СВР Штип спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол при што санкционирани се 27 возачи.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2022 10:04