Во текот на вчерашниот ден во периодот од 17.00 до 00.00 часот спроведена е засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на Ченто. При контролата санкционирани се 63 возачи, од кои 21 за возење без возачка дозвола, девет за користење мобилен телефон.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2022 10:18